Bosch Security Systems е глобален доставувач на опрема, кој е во тесна соработка со широка мрежа од сертифицирани трговци и интегратори, за да предложи сигурни решенија за комуникација, сигурност и безбедност за секој пазар. Широката гама на продукти Bosch - системи за комуникација, видеонадзор, контрол на пристап, заштита и известување при пожар, се користат во основни училишта и универзитети, државни агенции, затвори, магацини, спортски и забавни објекти, казина, како и во многу други трговски и индустриски објекти по целиот свет. Значителните инвестиции на компанијата во научно-истражувачка и развојна дејност се ненадминливи и овозможуваат Bosch редовно да ја актуелизира гамата на продукти и да воведува нови технологии. Bosch гарантира, дека сите нови продукти се развиваат, земајќи ги во предвид факторите од првенствено значење во светот на комуникациите, а тоа е сигурноста и безбедноста, вклучувајќи ефективност, квалитетот и лесното инсталирање, одржување и употреба. Целта на Bosch е потполно задоволство на клиентите преку продукти, сервис и одржување. Специјалистите на Bosch се во тесна соработка со клиентите, за да им помогнат да добијат нов бизнис. Услугите за техничка поддршка се лесно достапни по телефон, електронска пошта и интернет, а за монтерите, за сигурна инсталација и поддршка на системите за сигурност и комуникација, предвидена е обемна обука, за да се увериме, дека клиентите ќе го искористат максимумот од капацитетот на предложените системи. Веќе повеќе од 125 години името Bosch е симбол на квалитет и сигурност. Ние им помагаме на нашите клиенти во текот на сите решавачки фази на проектот -пред, во тек и после продажба.
За повеќе информации посетете ја веб страната на производителот: www.bosch.com