Новини

Сектрон официјален претставник на Sepura

picture
Сподели Tweet

Почитувани клиенти и партнери,

со задоволство Ве известуваме дека Сектрон Скопје во своето портфолио во делот на радио комуникациите, го додава и реномираниот бренд SEPURA. Сектрон Скопје, официјално стана единствен овластен дистрибутер за Македонија на целокупната палета на TETRA радио комуникациски уреди и додатоци од реномираниот англиски бренд SEPURA.

Сектрон на своите партнери и клиенти им овозможува голем избор радио комуникациски решенија од реномираните марки HYTERA, KENWOOD и SEPURA.

Портфолиото на производи кое го нудат производителите кои ги застапуваме, опфаќа голем број на радио комуникациски технологии (PMR, Аналогно, DMR, TETRA, NEXEDGE, TETRA/LTE).

Воедно Сектрон Скопје, располага и со лиценца за продажба и дистрибуција на TETRA терминална опрема со TEA2 енкрипција, согласно ETSI стандардите.