NEMTEK

Електрични сензорски огради

NEMTEK

Се чека испорака

Електрични сензорски огради

Електричната сензорска ограда е изградена од проводници, кои носат електрични импулси со висок напон, и предизвикуваат електричен шок кој не е опасен за здравјето на евентуален натрапник. Допирот до оградата предизвикува алармен сигнал, кој се испраќа до обезбедувањето на објектот.

При градењето на таков тип на ограда како средство за сигурност се земаат предвид особеностите на конкретниот објект, кои влијаат врз параметрите на оградата – број на проводници, растојанието меѓу нив, должината на зоните, интегрирањето со други оградни инсталации и др. Проводниците, кои ја сочинуваат оградата можат да бидат монтирани во различни конфигурации вертикално или под агол, со што се создава и една физичка ограда, со уште подобро се обезбедува објектот.
Електричните сензорски огради денес имат широка примена и можат да обезбедуваат домови, фарми, индустриски комплекси, заводи, складови, воени и правни објекти и сите објекти со строг режим на безбедност и потреба од висок степен на заштита од упад. Оградата може да биде монтирана заедно со компатибилни периметарски огради, на бетонски ѕидови или како самостојна ограда.

Основни карактеристики:

• Лесна инсталација како интегриран дел од постоечка ограда или како самостојна ограда
• Осигурува физичка бариера, која го забавува значителното време за упад
• Предизвикува електро-шок врз натрапникот
• Дејствува како сигурно средство за детекција на упад и активира алармен сигнал, кој може да се изпраќа автоматски до персоналот за безбедност на објектот
• Мали трошоци за подршка
• Лесна за експлоатација
• При допир со оградата животните добиваат електро-шок без да се активира алармен сигнал, и на таков начин тие научуваат да не се приближуваат до оградата
• Луѓето се навикнуваат да не се приближуваат до оградата
• Дејствува како самостојна ограда, со што се намалува потребата од градење на конвенционални периметарски огради
• Ги намалува трошоците за персонал за обезбедување